Пријавување за петтото издание на Global Game Jam во Скопје и Битола

Од 20-ти до 22-ри јануари во Скопје и Битола ќе се одржи петтото издание на Global Game Jam.

Ова е можност да се докажат сите кои сакаат да прават игри, без разлика дали се девелопери, цртачи, музиканти, љубители на игрите, продуценти или пак, едноставно сакаат да работат во гејминг индустријата.

Овој пат како ко-организатори се Shadowgrid, кои покрај организациски ќе помогнат и со ментори-експерти кои ќе им помагаат на учесниците во кодирањето, или пак, околу Unity engine.

Оние што ќе се решат да учествуваат во 48-часовниот предизвик потребно е да се пријават на следниот линк за Скопје, или пак на овој линк ако сакаат да учествуваат во Битола. Воедно, потребно е да се купи билет кој чини 100 денари преку Купи карти за се, а потврдата да се донесе на 20-ти при регистрација.

Секој учесник од дома треба е да си понеси продолжен кабел, Wifi стик (за оние со десктоп компјутери) и повеќе облека, бидејќи трае два дена.

Од организацијата ќе бидат обезбедени оброци, грицки и пијалаци, кафе и чај.

Годинава локацијата во Скопје е ограничена на околу 100 луѓе. Оние што ќе задоцнат ќе може да се приклучат во Битола, каде нема ограничувања.

Покрај ова, од организацијата нагласуваат дека од оваа година има промени во глобалната организација и затоа малолетните лица треба да бидат придружувани од родител или старател.