Претставата „Ждрело“ на сцената на Драмски театар

Претставата „Ждрело“ работена според текст на Жанина Мирчевска, а во режија на Зоја Бузалковска ќе биде изведена вечер од 20:00 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје (ФБ настан).

Текстот се занимава со проблемот на глобалната потрошувачка на капитализмот. Главниот лик има необичен проблем – тој е постојано гладен и со ништо не може да ја задоволи својата глад. Голта сe околу себе и во таа конзументска агонија, го изедува дури и своето име.

Претставата „Ждрело“ на сцената на Драмски театар

Главниот лик, кој е безимен поради својата лакомост, се наоѓа во вртлогот на потрошувачкиот дух. На своето патешествите од сиромашен отпуштен продавач на автобуски карти за внатрешен промет до богат наследник на огромно богатство, минува низ сопствениот пекол – кој е пат на сопственото спознавање. На тој пат, во потрага по својата ситост, се случуваат различни нешта за чие значење главниот протагонист не е ниту одблизу свесен. „ЖДРЕЛО“ е трагикомедија за АЛЧНОСТА на МАТЕРИЈАЛИСТИЧКО-ЛАКОМИОТ СВЕТ кој е присутен глобално.

Претставата „Ждрело“ на сцената на Драмски театар

Актерската екипа ја сочинуваат: Рубенс Муратовски, Димитрија Доксевски, Лилјана Велјанова, Диме Илиев, Трајанка Илиева-Таци, Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Соња Стамболџиоска и Ивана Павлаковиќ.

Драматург: Александра Бошковска
Сценограф: Љупчо Јованов
Костимограф: Лира Грабул
Музика: Огнен Анастасовски
Кореограф: Кренаре Невзати-Кери
Изведба на сценографија: Тодор Дајевски
Асистент на костимографија: Раде Василев
Изработка на маски: Ѓорѓи Ѓорѓиевски
Шминка: Игор Петрески