Прес конференција: Основан е Националниот младински совет на Република Македонија

По повод основањето на Национален младински совет на Република Македонија, утре (1 јули) со почеток во 12.30 часот ќе се одржи прес конференција во ЕУ Инфо центарот. Според најавата на неа ќе бидат презентирани целите и начинот на работа на новата национална младинска чадор организација, како и заклучоците од Основачкото собрание.

Прес конференција: Основан е Националниот младински совет на Република Македонија

Викендов во Струга, 53 младински сојузи, организации и подмладоци на политички партии донесоа одлука за основање на Национален младински совет на Република Македонија. Притоа беше усвоен Статутот на Советот, а беа избрани и членовите на Управниот одбор.

Присутните за претседател на оваа младинска организација ја избраа Ивана Давидовска (ЦИД) и Дона Костуранова (МОФ) за подпретседател. Во Управниот одбор влегоа и Горан Георгиев (Извидници), Даниел Калајџиески (ХЕРА), Антонио Јовановски (Гоу Грин),  Арбен Ристеми (ЦРЗ Кичево)  и Иван Јованов (Младите можат).

Националниот младински совет има за цел да работи на унапредување на младинското организирање и застапување на младинските интереси и младински права.