Премиера на шведскиот филм „Не плачи“ во Кинотека

Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, во среда (25 мај), во 20 часот во Кинотека, премиерно ќе го прикаже шведскиот филм „Не плачи“.

Филмот претставува приказна за музиката на најпознатиот пејач и текстописец во Шведска – Хокан Хелстром. Под режисерската палка на Монс Морлинд и Бјорн Стајн, шведскиот актер Адам Лундгрен го портретира младиот Пол, главниот лик околу кој се плети целата приказна на „Не плачи“.

Филмот трае 109 минути и се препорачува за публика над 11-годишна возраст. Влезот за проекцијата е бесплатен.

Следниот филм „Рејунион “ од оваа серија на филмски проекции, премиерно ќе се прикаже на 11 јуни, во Кинотека.