Премиера на краткиот игран филм „Еклер“

Продуцентската куќа Фрагмент филм соопшти дека во среда ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „Еклер” во режија на Марко Ѓоковиќ. Премиерата е закажана за 21:00 часот, во киното Милениум.

Филмот „Еклер” е приказна за синот на куварката во Маршаловата вила, кој после десет години, за прв пат, добива шанса да ја проба храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја пипне. Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.

Авторскиот дел од екипата го сочинуваат: Александар Крстевски – директор на фотографија, Иван Бартлинг – сценограф, Емилија Ивановска Атанасовска – костимограф, Симона Ристевска – шминкер, Горан Вуќиќ – монтажер, Игор Поповски – дизајнер на звук и Огнен Атанасовски – композитор. Продуценти на „Еклер” се Дејан Крајчевски, Марија Димитрова и Емилија Чочкова.

Копродуценти на филмот се Круг Филм, Вертиго Визуал и Аудио Хаус од Македонија и Кубе Студио од Албанија. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.

Од четврток, филмот ќе се прикажува на редовен репертоар во кино Милениум.