Предавање за кинеската традиционална култура и современото кинеско општество

Предавање за кинеската традиционална култура и современото кинеско општество ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предавањето ќе го одржи Ке Џинг, која е редовен професор на Универзитет за странски јазици во Пекинг.

Овој реномиран Универзитет е главниот акадамески центар за изучување и истражување на странски јазици во НР Кина и има основано дури 27 институтити „Конфуциј“ во светот.