Предавање по астрономија – „Потрага по Земја 2.0“

Скопското астрономско друштво започнува нова сезона на предавања на популарни астрономски теми, со предавањето насловено „Потрага по Земја 2.0“.

Предавањето е посветено на техниките кои се користат за откривање на екстрасоларни планети, со посебен осврт на неодамнешното и возбудливо откритие на Проксима б, планета која орбитира околу втората најблиска ѕвезда до нас, Проксима Центаури.

Во предавањето ќе биде спомнат и случајот со „Ѕвездата на Таби“, за чија мистериозна промена на сјајот научниците предложија „егзотични решенија“.

Предавањето ќе се одржи во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Влезот чини 100 денари.