Пожарот на Матка е локализиран, гори и кон Шишово и Водно

Пожарот кој денеска околу 15 часот избувна на Матка е локализиран, но се уште гори странично долж кањонот кај металниот крст. Според медиумите, пожарот полека се шири кон село Шишево и кон Водно.

Директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ  во изјави за Макфакс вели дека пожарот бил подметнат.

Тој информираше дека туристи го сликале пироманот со телефон. За случајот е известена полицијата и се чека да бидат преземени некакви мерки.

Екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје и од ЈП „Паркови и зеленило” ноќеска ќе дежураат за да не се прошири огнот кон боровата шума.

Во гаснењето на пожарот учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во Македонија во моментов има десетина активни пожари. Покрај Матка и Требовље гори и планината Жеден.