Повик за волонтери за фестивалот за електронска музика СМОТРА во Битола

На 4 јули (сабота) ќе се одржи петтото издание на битолскиот еднодневен фестивал за електронска музика СМОТРА. Овај мултимедијален проект во форма на музички фестивал, како основна цел има да ја децентрализацира електронската музичка сцена и да ги приближи младите до современите уметности.

Останати цели на фестивалот:
– Вклучување на што повеќе млади луѓе во организација на овој фестивал
– Размена и стекнување на нови искуства од сферата на мултимедијалните уметности
– Директен контакт помеѓу посетителите на фестивалот и изведувачите
– Промоција на млади изведувачи од Битола и останати градови во Р.Македонија

Како и секоја година, Асоцијација 615 има потреба од млади луѓе кои би ги насочиле своите креативни идеи и позитивна енергија во организирање на овој фестивал.

Предности на волонтерите:

– Бесплатна влезница на фестивалот
– Запознавање со историјата и правците / поджанрови во електронската музика како и основните алатки потребни за креирање на електронска музика
– Mожност за стекнување на знаења од опремата и техниката која ќе се користи за време на фестивалот
– Стекнување на нови пријателства
– Обезбедена храна и пијалок
– Обезбедено сместување (по потреба)

Што се очекува од волонтерите?

– Да бидете расположени за добра журка.
– Да ја споделите позитивната енергија и вашите креативни идеи.
– Да бидете достапни во периодот дефиниран за време на фестивалските активности како би можеле лесно и брзо да ве контактираме кога е потребно.
– Да бидете синхронизирани и во тек со активностите на вашиот тим.
– Да ги поканете вашите пријатели да се приклучат на волонтерскиот тим со цел: уште побогато фестивалско издание.

Заинтересираните треба да ја пополнат апликацијата за волонтери.