Повик за викенд-обука од областа на сеопфатното сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
  • Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРА Млади.

Обуката ќе се одржи на 14 и 15 октомври 2017 година во Скопје од 9 до 16 часот. Учесниците кои ќе ја поминат, ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна: сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

Ги покануваме сите млади кои:

  • се на возраст од 19 до 23 години,
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивното здравје и права,
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА и
  • сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме.

Заинтересираните најдоцна до 12 октомври 2017 година треба да испратат:

  • Пополнета пријава за присуство на врсничката едукација

Бројот на учесници е ограничен. Ве молиме да наведете телефонски број и е-адреса за контакт.

Документите со назнака на пораката повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk