Повик за учество во проектот „Младински локален активизам“ на Младите можат

Со цел правење на позитивни промени во заедницата и подобрување на личниот и професионален развој, младинската организација Младите можат го организира проектот „Младински локален активизам“.

Младите можат, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, со цел да потенцира на важноста на волонтирањето и младинската работа како алатки за понатамошен развој, ќе им овозможи на 40 млади на возраст од 16 – 22 години, жители на општина Ѓорче Петов или Аеродром. Тие ќе научат за концептот на волонтирањето, повеќе за тоа што е лидерство и да стекнат вештини за работа во тим.

Проектот ќе биде спроведен преку три модули:

Модул 1: 11 – 12 февруари, дводневна обука за влијание во заедницата и детектирање на локални проблеми;

Модул 2: 18 – 19 февруари, дводневна обука за тимска работа и планирање на иницијатива.

Модул 3: март – мај, имплементација на локални иницијативи во општините Аеродром и Ѓорче Петров.

Повеќе информации за иницијативата „Make a change – Be a volunteer“ можете да се пронајдат на веб-страната на Младите можат, или едноставно со клик – тука.

Рокот за аплицирање завршува на 08.02.2017 година (среда), во 16:00 часот.