Повик за учество во младински камп во Романија посветен на рециклирањето

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објави повик за учество на младинската размена „ReCreative use of waste“ која што се одржува од 4 до 14 август 2016 година во младинскиот камп Марабу, во Романија.

Целта на младинска размена е четириесетина млади од шест европски земји (Македонија, Романија, Шпанија, Словачка, Полска, Украина и Кипар) преку неформалното образование да ги споделат знаењата за важноста на рециклирањето и влијанието што го има врз нашата животна средина, да се промовира креативното рециклирање и развојот на граѓанскиот дух. Во текот на настанот ќе се организираат работилници со (пластика, стакло, дрво) и други активности кои се насочени кон зголемување на културната свест на секој учесник со користење на уметноста и дизајн и како тие, тоа искуство да го пренесат во сопствената земја.

Профил на учесници:

-Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 15 до 25 години;
-Да имаат желба да ги споделат своите креативни вештини;
-Да имаат желба да работат во група.
-Да работат и научат за рециклирањето, без предрасуди!
-Да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќесе вратат од Романија.

Работен јазик е англискиот, a учесниците ќе бидат сместени во младинскиот камп Марабу, Милчовени, Романија. Патувањето и храната ќе бидат покриени од страна на организаторите.

За пријавување е потребно да се пополни следниот формулар (ОВДЕ) , најдоцна до 20-ти јули, 16:00 часот и да се испрати на info@rromassn.org со предмет RE16.