Повик за учество во младински извиднички кампови во Охрид

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат активности од проектот See You Watching Me финансирани од Уницеф, кои ќе се одвиваат во текот на годината.

Досега се реализира десет младински програми во повеќе градови, а најнови активности што треба да се реализираат се три младински кампови во Извидничкиот центар Охрид. За таа цел е отворен повик за програмски тим и учесници на младинските кампови.

Идејата на проектот е да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници, да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование, да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без, да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија, да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија и да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.

Камповите ќе се одржуваат во следните периоди:

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017 рок за аплицирање 18.06.2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017 рок за аплицирање 25.06.2017
  • 3 камп 6ти до 9ти август рок за аплицирање 2017 02.07.2017

Крајните рокови за аплицирање за програмскиот тим се отворени до 18.06.2017.

Тие се наменети за вкупно 33 лица со попреченост и без, на возраст од 10 до 18 години

Програмата е составена од активности во природа и едукативни и креативни работилници на различни теми.

Повикот за учесници може да го најдете на следниот линк;

Повикот за младински работници може да го најдете на следниот линк;

Повикот за лидери на група може да го најдете на следниот линк;

Повикот за дефектолог може да го најдете на следниот линк.