Повик за учество на Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ во Косово

НВО „Лавиринт“ во соработка со здружението „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ ги повикува сите заинтересирани лица да аплицираат за учество во Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ.

Зимската школа ќе се одржи во период од 07.03 – 11.03.2016. Oбуката ќе понуди мултидисциплинарен пристап во однос на употребата на дроги, механизмите за превенција, институционални и вон – институционални механизми, основни познавања за превенција на ХИВ/СИДА и развивање на превентивни програми по овие прашања.

Целта на оваа Зимска школа е студентите и идните професионалци од Косово и Македонија да се стекнат со основни познавања околу превенцијата од употребата на дроги и превенцијата на ХИВ/СИДА во овие региони.

Критериуми за учество:

  • Жители на една од наведените општини: Приштина, Гњилане, Призрен и/или Качаник во Косово и жители на Скопје, Тетово, Гостивар и/или Куманово во Македонија.
  • Студенти (од завршна година на студии) или дипломирани студенти на еден од следниве факултети: социјална работа и социјална политика, правни студии, медицински студии, студии за безбедност, полиција и детективи, студии за психологија, не постари од 30 години.

Работен јазик

Официјални јазици на летната школа се македонскиот и албанскиот. Симултан превод ќе биде обезбеден за време на сите сесии и консекутивен превод за време на посетата на организации.

Локација

Околина на Приштина, Косово

Сертификат

Сертификат за учество на Зимската школа за стекнати знаења ќе добијат сите учесници.

Начин на пријавување

Сите заинтересирани кандидати се покануваат да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо до контакт лицето Аница Димовска на следната адреса anicad@hops.org.mk.

Сите трошоци за летната школа се обезбедени од организаторот (сместување, оброци, патни трошоци). Краен рок за аплицирање е 18 февруари 2016. Нецелосни пријави и пријави пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Избраните кандидати ќе бидат известени по електронски пат (e-mail) најдоцна до 24.02.2016.