Повик за учество на тренинг „Буливеровите Патувања – Не биди Буливер!“

Младински образовен форум, во склоп на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објавува повик за учество на тренинг  наречен „Буливеровите Патувања“.

Под мотото „Не биди Буливер!“, темата на тренингот е: Психофизичкото насилство помеѓу врсниците во средните училишта, познато под терминот „булинг“. Целта е подигнување на свеста кај младите за овој проблем, негово суштинско разбирање и разработување на методи за помош на жртвите од овој тип на насилство.

Првиот ден од тренингот се состои од предавање преку кое учесниците суштински ќе се запознаат со темата и изведување на социо-драма за полесно разбирање на овој вид на насилство. Вториот ден се состои од работилници за креативно пишување, изработка на дигитални постери и изработка на „stop-motion“ кратко видео. Работилниците ќе се оддржуваат истовремено, така што секој од кандидати ќе треба во својата апликација да одбере на која ќе учествува.

Тренингот ќе се одржи на 7 и 8 мај, 2016-та година, во Младински Клуб. Заинтересираните кои сакаат да учествуваат на овој настан треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да бидат средношколци од Скопје;
  • Да можат да учествуваат на сите денови од тренингот;
  • Да бидат заинтересирани и мотивирани за обработување на темата;
  • Да бидат активно вклучени и заинтересирани за унапредување на општеството.

Бројот на учесници е ограничен, а учеството е бесплатно. По завршувањето на работилниците, учесниците ќе имаат можност да ги презентираат своите дела на заеднички настан во просториите на Младинскиот образовен форум на 13ти мај 2016.

Заинтересираните кандидати да аплицираат најдоцна до 3 мај со целосно пополнување на формуларот на следниот линк. За дополнителни информации обратете се на tankov96@gmail.com.

Потврда за учество ќе биде испратена на избраните кандидати по истекот на рокот за пријавување.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.