Повик за учество на Школа за човекови права за млади

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и Институтот за човекови права во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, регион Долна Нормандија, Република Франција организира школа за човекови права за млади од двете држави. На овогодинешната школа која ќе се одржи во Охрид, од 24 до 31 август, ќе бидат опфатени две генерални теми: Слобода на изразување и слобода на медиуми и Говор и криминал од омраза.

Повикот е отворен за млади од Франција и Македонија на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати од Македонија кои би сакале да земат учество на школата треба да ја симнат и пополнат прикачената апликација, да приложат кратка биографија и мотивациско писмо. Овие документи се доставуваат на jasmina.golubovska@mhc.org.mk .

Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат и запознаат со млади од Франција. Јазици на кои ќе се одвива школата се: англиски, француски, македонски и албански јазик.

Краен рок за аплицирање е 1 август, 2015 година.