Повик за учество на семинари за основањето на Регионална канцеларија за младинска соработка

Регионалната мрежа на Младинската иницијатива за човекови права, Центарот за балканска соработка ЛОЈА и Француско-германската младинска канцеларија повикуваат на апликации за три семинари, кои ќе се организираат во очи на основањето на Регионалната младинска канцеларија за соработка.

За време на Парискиот самит за Западен Балкан, кој ќе се случи на 4-ти јули, премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија ќе ја потпишат декларацијата за основање на Регионалната младинска канцеларија за соработка. Оваа канцеларија ќе им овозможи на младите од Западен Балкан да учествуваат во меѓународни програми за размена, кои ќе придонесат кон процесот на помирување и ќе ја подобрат регионалната соработка.

Со оглед на тоа што младите имаат најмногу придобивки од оваа канцеларија, особено е важно да се слушне нивниот глас. Трите семинари ќе бидат одржани како платформа за младите да го споделат своето мислење за важноста на справувањето со военото минато и европската интеграција, како и да иницираат дискусија за тоа како нивните животи се промениле после учество на овие размени.

Младите можат да аплицираат за еден од трите семинари на темите: Улогата на младите во процесот на помирување во регионот, Регионалната перспектива за евроинтеграцијата, Лични искуства од младински размени. Локациите и датумите на семинарите, како и условите за учество, може да ги најдете овде.

Рокот на пријавување е 24-ти јуни, а формуларот за аплицирање може да го најдете на следниот линк.