Повик за учество на петдневен тренинг за изведбена уметност „Во чевлите на бегалците”

Младински образовен форум во рамки на програмата Младински активизам објавува повик за учесници на тренинг за изведбена уметност. Преку запознавање со техниките и елементите на театарот и неговата колективна дејност, основната цел на овој тренинг е да ги поттикне учесниците да размислуваат зачовековите права и да научат повеќе за современите предизвици на општеството, социјалните проблеми на маргинализираните заедници, за дискриминацијата врз бегалците.

Во текот на работниот процес, учесниците ќе бидат повикани и мотивирани  да споделуваат идеи, да работат индивидуално и во групи и конечно, заедно да создадат претстава.Темите кои ќе бидат опфатени со обуката и претставата ќе бидат миграција и тековната бегалска криза.

Работилницата ќе се одржи од 3 до 7 март, 2016 година. Кандидатите што сакаат да учествуваат во неа треба да ги исполнат следниве критериуми:

Да бидат на возраст од 16 до 20 години;
– Да имаат интерес да научат како се создава театарска претстава и да учествуваат во неа;
– Да бидат вклучени активни и заинтересирани за унапредување на општеството;
– Да може да учествуваат на сите денови на тренингот;
– Да може да учествуваат на пробите и изведбата на претставата кои ќе се одржат по тренингот.

Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски со искусни тренери во полето на човековите права, театарот и избедбените уметности.

По завршување на петдневниот тренинг, учесниците ќе бидат треба да земат учество во подготовките/пробите пред изведбата на претставата и на изведбата на претставата. Изведбата на претставата ќе се случи на 26ти мај.

Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 19-ти февруари 2016 со испраќање целосно пополнет формулар на следниот линк. За повеќе информации обратете се на petar_antevski@mof.org.mkили контактирајте ја организацијата на : 02/3139 692. Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните учесници по истекот на рокот за пријавување непосредно пред почетокот на тренингот.

Активноста е организирана од МОФ во рамки на проектот: „Во чевлите на бегалците: Младинска солидарност преку МедиаАрт“.