Повик за учество на основачкото собрание на Националниот младински совет

Иницијативата за формирање Национален младински совет ги повикува сите младински организации да испратат делегати на основачкото собрание на Советот, кое ќе се одржи од 28 до 30 јуни во Охрид

Повик за учество на основачкото собрание на Националниот младински совет

Повикот е отворен за сите младински организации; организации за млади и мрежи на младински организации кои ги исполнуваат критериумите за членство одредени според предлог статутот поднесен од страна на Иницијативниот одбор за основање на НМС (статутот можете да го најдете на www.nms.org.mk)

Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават следните документи (во скенирана верзија) на info@nms.org.mk:

  1. Статут
  2. Тековна состојба (не постара од 6 месеци)
  3. CV на организацијата (не подолго од 3 страни)
  4. Годишни извештаи за претходните две години
  5. Годишна програма за 2013 година (доколку организацијата поседува таков документ)
  6. Листа на членови на Извршното тело

Доколку е потребно, комисијата за верификација ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Рокот за пријавување е од 16 мај до 10 јуни (понеделник) 2013 година.

Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од 3 претставници од Иницијативниот одбор и 2 претставници од организации кои не се дел од Иницијативниот одбор (надворешни членови), избрани на отворен повик.

Се очекува трошоците за Основачкото собрание да бидат во целост покриени од страна на Иницијативата за основање на НМС за еден делегат по организација.

 

Иницијативен одбор за основање на Национален младински совет на Република Македонија