Повик за учество на обука за пишување CV и мотивациско писмо

На 25 – 26 март (сабота и недела) со почеток во 10:00 часот во Јавна Соба ќе се одржи обука за пишување на CV, мотивациско писмо и симулација на интервју.
Обуката ќе трае до 16 часот во двата дена. Таа е организирана во рамки на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“, поддржан од Центарот за меѓународо приватно претприемништво – CIPE.
Предавачи на обуката се Трајче Велковски и Бојан Јовановски од Машински факултет.
Оние што сакаат да учествуваат на обуката потребно е да го пријават своето присуство на obuki@mof.org.mk, со испраќање на име и презиме, маил и телефон, а мејлот да биде со назнака – Обука за CV и мотивациско писмо.