Повик за учество на обука во Крушево на тема „Wake UP – Start UP“

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ од Скопје, објавува отворен повик за два учесника од Македонија за обука на тема „Wake UP – Start UP“.

Обуката ќе се одржи во Крушево, Македонија од 20-ти до 28-ми август 2017, во рамките на програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

Сместувањето и храната се целосно покриени од страна на организаторите. Услов за учество е пријавените да имаат од 18 до 30 години и да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.

За учество на обуката, испратете пополнет апликационен формулар или прашање на contact@pel.mk со назнака „Wake UP – Start UP“ најдоцна до 13-ти август. За проектот повеќе на следниот ЛИНК.