Повик за учество на обука: „Обезбедување квалитет на неформално образование“

Европскиот младински форум (ЕМФ) за целите и потребите на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ)  организира обука која е наменета да ги зајакне капацитетите на организациите членки на НМСМ преку  подобрување на квалитетот на проектите од неформалното образование.

Обуката ќе биде реализирана од страна на обучувач од Базата на обучувачи на Европски младински форум.

Цели на обуките се да ги запознае учесниците со концептот Quality Assurance of NFE и да се поттикне дискусија за квалитетот на неформалното образование, како и запознавање со публикацијата Manual on a Framework for Quality Assurance of Non Formal Education изработена од Европски младински форум.

Обуката е наменета за членови на младински организации кои се активно вклучени во подготовка имплементација и евалуација на активности и проекти од неформално образование. Најмногу може да учествуваат 25 млади луѓе.

Работниот јазик е англиски.

За обуката може да се пријавува на следниот линк до понеделник, 24 октомври,  23:59 часот.

Сите трошоци за обуката ќе бидат покриени од страна на НМСМ. Патните трошоци ќе бидат покриени во висина на повратен автобуски билет. За лицата кои доаѓаат надвор од Скопје, НМСМ ќе обезбеди сместување.