Повик за учество на настанот за средношколци „Career Direction“

Под мотото #OpenYourFuture, проектот „Career Direction“ е наменет за средношколците преку кој можат да се запознаат со темите како лидерство, комуникациски и презентациски вештини, претприемништво, јавно говорење.

„Career Direction“ ќе се одржува во текот на 4 викенди,  во периодот од 4 април до 10 мај, во просториите на Универзитетот American College Skopje. На самиот проект, средношколците ќе имаат можност да стекнат нови пријателства и да научат нешто ново, а потоа истото да го применат во интерактивните работилници и дискусии кои следат после секоја сесија.

За оваа година, се направи модификација на проектот, со што тој ќе се реализира како PBOX проект (Project Based on Exchange), односно како размена на млади студенти. Млади предавачи од различни земји од светот ќе ги држат обуките и работилниците на самиот проект. На овој начин средношколците ќе имаат можност да се запознаат со луѓе од различни краеви на светот, да осознаат и разменат мислења за нивните култура и нивните гледишта за лидерството.

Котизацијата за учество на проектот изнесува 250 ден, а апликацијата за учество на проектот Carreer Direction може да се пополни на овој ЛИНК.

Проектот се одржува од страна на АИЕСЕК Скопје, која е интернационална , непрофитна организација која им обезбедува можности на младите луѓе со кои тие би се надградиле себеси во глобални лидери кои ќе го имаат потенцијалот за да поттикнат и создадат промени во општеството во кое живееме.