Повик за учество на Mеѓународната младинска конференција во Крушево

Во тек е аплицирањето за учество на 13-та Mеѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на државите од Југоисточна Европа“ која од 11 до 15 септември ќе се одржи во Крушево.

На конференцијата ќе учествуваат 59 учесници од државите Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија и Турција, како и гости од младински организации од Германија, Франција и Полска, во улога на ментори.

Право на учество имаат младински работници, активни млади луѓе, млади лидери, претставници на младински мрежи кои ќе бидат во можност активно да учествуваат во текот на целата конференција.

Апликантите треба да имаат наполнето 18 години и да аплицираат надоцна до 5 септември. Работен јазик на настанот ќе биде англискиот.

Апликациите и сите детали за конференцијата може да се видат на овој ЛИНК.