Повик за учество на интернационален студентски фестивал во Норвешка

Најголемиот интернационален студентски фестивал (ISFiT 2015) кој од 5 до 15 февруари ќе се одржи во градот Трондхеим во Норвешка ги повикува сите заинтересирани студенти да се пријават за учество на овој престижен настан.

8481986390_5e68559aee_z

Интернационалниот студентски фестивал во Трондхеим, Норвешка секоја година е посветен на различна тема која има меѓународна важност. Темата за ISFiT 2015 е „Корупција” и таа ќе биде објект на дебата на 18 работилници кои ќе обработуваат различни аспекти, а се најавуваат и бројни пленарни сесии со реномирани експерти на темата.

Во рамки на фестивалот е предвидена и богата културна програма, концерти, изложби, перформанси и други случувања. Културната програма, покрај за посетителите на фестивалот , ќе биде отворена и за сите заинтересирани, најавуваат организаторите.

Можност за учество имаат студенти со навршени 18 години и со одлично ознавање на англискиот јазик. Заинтересираните ќе треба да ја пополнат апликацијата на официјалниот веб сајт на фестивалот. Трошоците за престојот во Трондхеин, за храна и сместување се покриени од организаторите, додека учесникот сам ги покрива трошоците за превоз и визи. Оние пак студенти што не се во можност да ги платат ваквите трошоци , можат да аплицираат за финансиска помош, преку пополнување на соодветната апликација, при што ќе треба да напишат есеј зошто токму ним треба да им биде дадена оваа помош.

Краен рок за аплицирање е 30 септември, 2014. За повеќе информации може да го посетите официјалниот веб сајт на фестивалот.

Извор: ДаНаучиме