Повик за учество на 20. Ораторска вечер „Иво Пухан“

Правниот факултет „Јустинијан Први“ објави повик за учество на 20. Ораторска вечер ,,Иво Пухан. Од Организациониот одбор велат дека оваа година ќе може да се пријавуваат само учесници кои студираат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пишува Академик.

Учесниците ќе можат да подготват говор на тема што ќе ја одберат самите. Првата средба на учесниците ќе се одржи на 2 ноември (среда), во 12:00 часот, во салата на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први”.

„Сите студенти заинтересирани за учество на XΧ Ораторска вечер „Иво Пухан” можат да се пријават најдоцна до вторник, 1 ноември 2016 година, на следната е-адреса: bogoeskazaneta@hotmail.com“, информираат од Организациониот одбор.

Традиционалните ораторски вечери на Правниот факултет „Јустинијан Први“, кои секоја година се одржуваат на 10 декември – Светскиот ден на човековите права, го носат името на професорот по римско право д-р Иво Пухан, втемелувачот на Катедрата за правно-историски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.