Повик за учесници на обука за комуникации со јавност

Националниот младински совет на Македонија и Радио МОФ во рамки на проектот „Младинска медиумска писменост“ распишуваат повик за учесници на дводневна обука за комуникација со јавност за претставници на граѓански организации.

Обуките ќе се реализираат на 12-13 декември 2017 година (вторник и среда) во просториите на Радио МОФ во периодот од 9:30-16:30 часот. Обуката е наменета за млади и претставници на граѓански организации кои сакаат да ги подобрат своите вештини за комуникацијата со јавност, а целта е да се доближи комуникацијата помеѓу граѓанскиот сектор и медиумите.

Теми кои ќе се работат на обуката ќе бидат: квалитетна размена на информации со медиумите за активностите кои ГО ги реализираат, креирање на стратешки план за комуникација и развој на комуникациката програма, начини на споделување на содржини до таргет групите, како и идентификација на јавниот интерес и негова евалуација. Методологијата на работа на обуката се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците.

Бројот на учесници е ограничен. Обуката е бесплатна и ќе бидат реализирана на македонски јазик од страна на искусни обучувачи. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите, а приоритет ќе имаат оние кои први ќе се пријават како и претставници на организациите-членки на Националниот младински совет на Македонија.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 8 декември на мејл martin.aleksoski@nms.org.mk, со испраќање на своите име и презиме, возраст и организација од која доаѓаат.

За сите информации контактирајте не на info@radiomof.mk или на ФБ страниците на Радио МОФ и Национален младински совет на Македонија.

Целта на проектот „Младинска медиумска писменост“ е подигнување на свесноста кај младите учесници за критичко размислување, за аналитичен пристап на информациите кои ги добиваат од медиумите и способност за евалуација на содржината.

Проектот се спроведува со помош на грант доделен преку проектот„Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и односи со јавност, а во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.