Повик за студенти за пракса во водечки германски компании

Програмата за пракса на германското стопанство за државите од Западен Балкан им нуди на студентите и апсолвентите од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија можност за 3 до 6-месечна пракса во водечки германски компании.

Идејата на програмата за пракса на германското стопанство е да ја пополни празнината помеѓу академскиот и деловниот свет, преку овозможување на студентите и апсолвентите да го применат своето теоретско знаење стекнато на универзитетите и успешно да пристапат кон следната фаза од нивниот професионален развој.

Програмата обезбедува високо квалитетен, внимателно дизајниран и менториран престој во компании ширум Германија, кои им овозможуваат на младите професионалци да го применат и тестираат своето специјализирано академско образование и при тоа, да се запознаат со напредна работна средина и деловни практики.

Повикот за аплицирање е отворен до 13-ти ноември, 2017 година, за практична работа која би започнала во јули, 2018 година.

Програмата нуди сеопфатна поддршка и насоки за време на сите организациски чекори пред и за време на практикантскиот престој во Германија.

Програмата обезбедува: 

  • Документи потребни за виза, вклучително и закажување на термин во германска амбасада
  • Работна дозвола
  • Патни трошоци до и од Германија
  • Подготвителна недела во Берлин со вклучени активности, сместување и патни трошоци
  • Дополнителнасредба со сите учесници за времетраење на програмата со вклучени активности, сместување и патни трошоци

Програмата исто така поддржува:

  • Комуникација со компаниите; увид и појаснување на документите и договорите со компаниите
  • Помош при барање на сместување и комуникација со стано-издавачите
  • Административна и логистичка поддршка за интегрирање во Германија (здравствено осигурување, регистрација, даночен систем итн.).

Програмата ве подготвува за престој во Германија преку:

  • Меѓусебна размена на искуства со алумни членови преку нивно менторство
  • Локални подготвителни средби и тим-билдинг активности пред заминување во Германија
  • Интеркултурни тренинзи за време на подготвителната недела во Берлин
  • Можност за посета на курс по германски јазик за време на праксата

Финансиска помош

Безмалку сите трошоци за време на подготовката на практикантите во нивната земја и за време на престојот во Германија, се покриени од страна на програмата. Министерството за економска соработка и развој на Германија ги обезбедува средствата за месечни стипендии, организациски трошоци како и трошоците за активности на алумнитечленови. Германските компании –учесници кои обезбедуваат практична работа, ги покриваат или трошоците за сместување (и здравсттвено осигурување) на кандидатот, или обезбедуваат паричен надоместок во вид на плата.

Програмата финансиски ги покрива:

  • Трошоците за сместување и здравствено осигурување: компаниите ги покриваат или трошоците за сместување (и здравствено осигурување) на кандидатот, или паричен надоместок во вид на плата. Трошоците зависат од градот.
  • Месечна стипендија од 550 евра: Стипендијата е доволна за покривање на сите останати трошоци за живот на практикантите за време на престојот во Германија.
  • Локални подготвителни средби
  • Подготвителна недела во Берлин
  • Билети за воз од подготвителната недела во Берлин, до градот каде ќе се извршува практичната работа
  • Билети за воз од и до локацијата на дополнителната средба со останатите учесници на програмата
  • Билети за воз од и до аеродромот од кој се патува (доколку не е во самиот градот на престој)
  • Најмногу до 200 евра надоместок за курс по германски јазик за време на извршување на практичната работа
  • Посредување за виза

Како да аплицирате?

Онлајн, преку веб страната:www.djindjic-stipendienprogramm.de/applicants/до 13-ти ноември, 2017 год.

Кој има право да аплицира?

Додипломци кои се запишани во минимум 5-ти семестар во моментот на аплицирање; мастер или докторски студии; како и апсолвенти дипломирани по 1-ви јануари, 2017 година.

Образованието на кандидатите треба да е од областа на економија, бизнис администрација, сите области на инженерство, новинарство и земјоделски науки.

Кандидатите не треба да се постари од 29 години.

Добро познавање на англиски јазик е задолжително. Познавањето на германски епредност. Исклучок: Кандидатите кои аплицираат за пракса во областа на архитектурата и трговско право, треба да имаат добро познавање на германски јазик (минимум B2 ниво).

Кандидатите од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија кои студираат, или имаат завршено со своите студии во овие држави, имаат право да аплицираат. Кандидати кои се регуларни студенти во универзитети надвор од овие држави, немаат право да аплицираат. Кандидати кои веќе завршиле додипломски или пост-дипломски студии надвор од својата матична земја, исто така немаат право да аплицираат.

Повеќе информации можете да добиете на официјалниот веб сајт на програмата: www.stipendienprogramm.de