Повик за слушатели на бесплатен курс по основен деловен англиски јазик

Како дел од активностите на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската Унија, ПСМ Фондација отвора повик за слушатели на бесплатен курс по основен деловен англиски јазик (Basic Business English).

Курсот ќе биде реализиран од средината на август, во траење од 10 сесии (1 сесија трае 180 минути). За него може да аплицираат сите заинтересирани на возраст од 17 до 30 години, кои имаат основно ниво на познавање на англиски јазик, можат да читаат и пишуваат, како и да ги познава трите основни времиња.

За пријавување е потребно да се испрати порака на trainings@yes.org.mk која покрај CV, ќе има оценка на досегашното познавање на англиски јазик кај кандидатот (од 1 /најниско, до 5 /највисоко), според следните категории: Читање (reading), Пишување (writing), Конверзација (listening and speaking) и Граматика.

Пожелно е да се назначат и добиените сертификати од претходно слушани курсеви по англиски јазик. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани преку е-пошта.