Повик за работилница за стрип

Младинскиот образовен форум во рамки на Медиа Арт клубот – Скопје објавува повик за учесници на обука за изработка нa стрипови. Преку запознавање со техниките и елементите на стрип основната цел на оваа работилница е да ги стимулира учениците да креираат свој авторски стрип и да го развиваат тимскиот дух. Во текот на работниот процес, младите учесници ќе бидат мотивирани  да споделуваат идеи, да работат индивидуално и во групи и конечно, да создадат стрипови на зададени теми.

Работилницата ќе трае два месеци и ќе се одржи во Скопје во просториите на Младинскиот образовен форум. Средбите ќе се одржуваат на неделно ниво, секоја сабота  временски период од 18:00 часот. Кандидатите што сакаат да учествуваат во неа треба да ги исполнат следниве критериуми:

  • Да можат да учествуваат на сите денови на обуката
  • Да се на возраст од 15 до 20 години
  • Да имаат желба да го научат процесот за изработка на стрип
  • Да имаат мотивација да изработат стрип на крајот од обуката

Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски јазик од Александар Сотировски.  Тој работи на многу препознатливи стрипови и илустрации и има соработувано со повеќе домашни и светски продукциски и издавачки куќи

Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 11 февруари 2016 со испраќање целосно пополнет формулар на следниот линк. За повеќе информации обратете се на аleksandra_filipova@mof.org.mk или контактирајте ја организацијата на : 02/3139 692.

Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните учесници веднаш по истекот на рокот за пријавување. Обуката ќе се одржи во Скопје, а организаторот не покрива патни трошоци или трошоци за сместување.