Повик за работилница „Меѓународни можности за млади“

Младински образовен форум распишува повик за учесници на работилница „Меѓународни
можности за млади (волонтерство, практиканство, апликации) која ќе ја држи Мартин Милошевски, координатор за политики и меѓународни односи на Национален младински совет на Македонија.

Работилницата е дел од програмата на Станица: Студентска 5.0, целодневен студентски настан кој го организира МОФ во соработка со програмата Цивика Мобилитас, на 25-ти април од 12:00 до 18:00 во Јавна Соба.

Пријавувањето може да го направите на следниот ЛИНК. Повикот е отворен до недела, на полноќ (23.04.2017).

На самата работилница учесниците ќе имаат можност да научат како да пополнуваат апликации за курсеви, мрежи и други меѓународни можности, каде може да аплицираат за волонтерство и практиканство и кои се придобивките.

Работилницата трае два часа, од 16:00 до 18:00.

Останатите работилници и предавања кои се дел од агендата на Станица: Студентска 5.0 може да ги погледнете ТУКА.