Повик за продукција на музички спотови за млади таленти

Пирамид Продукција објавува повик за продукција на музички спотови за поединци и музички групи кои досега немаат снимено спот за своите песни.

Под мотото „Подршка за младите таленти”, продукцијата има за цел да ги подржи младите изведувачи кои имаат своја авторска музика и имаат амбиции за светски дострели, да им изготви видео спот со можност да ја промовираат својата музика на светот и да докажат дека и во Македонија постојат светски музички виртуози.

Повикот предвидува до три авторски бендови или индивидуални автори на музика од Македонија да снимат спотови, како и нивна онлајн промоција.

Краен рок за пријавување на повикот е 30 јули 2017.

Музички бендови и поединци со свои авторска музика ќе имаат можност да добијат бесплатен видео спот, како и онлајн промоција.

Секој музичар или бенд задолжително треба да испрати најдоцна до 30 јули, 2017 на contact@pyramidproduction.co subject line “Подршка за младите таленти”.

• Аудио материјал конкретната песна или музичко дело.
• Линкови од видео материјали (доколку имаат).
• Фотографии од настапи.
• Кратка биографија од пеодинецот или групата.
• Број на членови (групи).
• Контакт и емаил од лице за контакт.

Може да учествуваат поединци и музички бендови со своја авторска песна.

Обврска на учесниците е:

• Да дозволат на Пирамид Продукција да ја користи и емитува авторската музика на онлајн канали, без дополнителен надоместок за тоа.

• Доколку бидат селектирани, да одделат еден ден за снимање на видео записот во термин по договор со Пирамид Продукција.

• Доколку бидат селектирани, да дозволат спотот да биде брендиран со логото на Пирамид Продукција.

Обврски на Пирамид Продукција:

• Пирамид продукција се обврзува да изготви видео запис, снимен во живо.
• Пирамид продукција се обврзува да го промовира видео записот онлајн, јутуб, социјални мрежи и слично.

Селектираните кандидати ќе бидат објавени на 31 јули, 2017, на официјалната фејсбук страна на ПИРАМИД ПРОДУКЦИЈА.

За повеќе информации може да се добијат од контакт лицето Кристијан Шемкоски, на 071-258-270, или преку мејл: contact@pyramidproduction.co