Повик за пријавување за изработка на видео

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и диверзитет” со поддршка од Британската амбасада во Скопје објавува повик за изработка на видео.

Општа цел на проектот е да се поддржи подобрувањето на политиките и праксите за социјална кохезија и диверзитет преку дебати за јавни политики поддржани со докази и воспоставување на стратешко судско застапување за пристапот до правда на ранливите групи.

Тема за видео

Видеото треба да биде снимено по однапред подготвено сценарио, дадено од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а кое ќе се однесува на младите со попреченост. Снимањето ќе опфати снимање на 5 локации и внесување на превод на 4 јазици, меѓу кои и знаковниот јазик.

Насоки за пријавување на повикот

Кандидатите на овој повик можат да се пријават како индивидуалци или како тим.

Кандидатите кои ќе аплицираат за изработка на видео сториите  треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

Искуство во подготовка (претходно спроведени) видеа.

Како предност ќе се смета искуство во претходна подготовка на видеа кои се однесуваат на маргинализирани групи.

Работни задачи:

Снимање на видеото.

Монтирање и продукција на снимениот материјал.

Презентација на видеото.

Комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Финансиски и експертски аранжман

За изработка на видеото Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе му надомести на изработувачот бруто износ од 1.100,00 фунти во денарска противвредност, сметано по курсот во месецот на исплата на средствата од страна на донаторот.

Во случаи на плагијаризам, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го раскине договорот со изработувачот и ќе бара поврат на средствата уплатени за истражувањето.

Документите за пријавување (CV-то и примери од претходно снимени видеа) треба да се достават на емаил адресата neda.calovska@mhc.org.mk, најдоцна до 22 март 2017година. За дополнителни прашања Хелсиншкиот комитет за човекови права стои на располагање на горенаведената меил адреса како и телефонскиот број 02/3119-073.

//