Повик за номинирање на поединци, неформални групи и организации за Награда за младинско учество

Проектот на УСАИД за граѓанско ангажирање ги повикува поединците, организациите, институциите, медиумите, бизнисите и членовите на заедницата да номинираат еден или повеќе луѓе или организации за една од следниве категории: индивидуални млади мажи и жени, неформални младински групи и младински граѓански организации за Годишната награда за младински граѓански ангажман.

Проектот ќе додели до четири награди на успешни млади мажи и жени (на возраст од 18 до 29 години), неформални младински групи (составени од најмалку три члена) и младински граѓански организации кои покажаа примерна заложба за подобрување на животот на нивната заедница или на општеството во целина со преземање акции кои се однесуваат на прашања од јавен интерес на кое било ниво во Македонија. Наградата ќе биде доделена за акциите кои номинираните ги презеле во периодот јануари-декември 2017 година.

Проектот ќе ги препознае иницијативите на млади мажи и жени, неформални младински групи и младински граѓански организации кои покажале: јасна визија за подобрувања на заедницата, на регионално или национално ниво, кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени и / или заеднички грижи ; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на прашања од јавен интерес; и донеле конкретни резултати во подобрувањето на благосостојбата на заедницата или благосостојбата на општеството поради акциите на номинираните.

Преку нивните активности, добитниците на наградата ќе персонифицираат примери на исклучителен младински и граѓански ангажман.

Граѓанскиот ангажман опфаќа индивидуални и колективни активности кои служат за идентификување и решавање на прашања од јавен интерес. Граѓанскиот ангажман може да има многу форми, од индивидуален волонтерски, до организациски ангажман. Тоа може да вклучи напори за директно решавање на прашања од јавен интерес, работа со други во заедницата за да се реши проблемот и / или да се комуницира со јавните институции за решавање на овој проблем.

По наградата, проектот ќе ги поддржи идните иницијативи на победниците преку грантови.

Подетални информации за јавниот повик на следниот ЛИНК.
За да ја преземете Формуларот за номинација кликнете овде.