Повик за идни членови на младинската еко-организација „Гоу грин“

Сите млади од 15 до 29 години кои сакаат да научат повеќе и да придонесат за помалку отпад, намалено аерозагадување, ублажување на климатските промени и заштита на животната средина можат да станат членови на младинската еколошка организација „Гоу Грин – Биди Зелен“

„Гоу Грин“ е еколошка младинска организација која активно работи во полето на младински активизам, еколошко образование и зелена економија.

Нивна цел е равивање и промовирање вредности и принципи за одржлив развој и овозможува образование и практични решенија за заштита на животната средина.

„Што прават членовите во Гоу Грин – Биди Зелен?

  • Развиваме и поттикнуваме одговорност и свест за себе и околината;
  • Активно учиме и придонесуваме за еколошките проблеми со кои се соочуваме;
  • Се вклучуваме во креирање на младински и еколошки политики;
  • Поттикнуваме тимска работа и лидерство;
  • Развиваме практични зелени вештини за заштита на животната средина“, појаснуваат од организацијата.

Акциите и иницијативите на„Гоу Грин – Биди Зелен“ може да ги прегледате на Фејсбук и ЈуТуб каналот.

Оние кои сакаат да се вклучат треба да ја пополнат апликацијата на овој линк и да присуствуваат на информативниот состанок.

Крајниот рок за пополнување на апликацијата е 21 март (среда) до 12 часот, а информативниот состанок ќе се одржи на 24 март (сабота), со почеток во 12,00 часот, во канцеларијата на „Гоу Грин – Биди Зелен“, која се наоѓа на ул. Кукушка 4а, 1000 Скопје (во непосредна близина на Градски парк).