Повик за ЕВС волонтер за организирање на културна вечер

Центарот за младински активизам КРИК годинава започнува со активности за промоција на ЕВС програмата. За таа цел, ќе организира културни вечери кои ќе бидат подготвени од ЕВС волонтери во Скопје.

Културните вечери ќе се одржуваат секоја среда во Шот бар Безистен.

Доколку сте заинтересирани, можете да се пријавите со пополнување на овој формулар и негово испраќање на infokrikcentar@gmail.com.

КРИК заедно со Млади инфо ја организираа првата ЕВС вечер, организирана од волонтерки од Словачка.

Во текот на вечерта, посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за словачката култура и за ЕВС програмата.