Повик за членови во студентски дебатен клуб

Дебатeниот клуб на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје во соработка со Младински образовен форум во Скопје распишаа повик за нови дебатери кои сакаат да посетуваат тримесечна бесплатна обука по дебата.

Дебатните клубови имаат предавања еднаш неделно во среда од 17:00 до 19:00 часот во Амфитеатар 8, во периодот од 20 февруари до 15 мај. Членовите на дебатните клубови можат да се натпреваруваат на домашни дебатни натпревари во организација на МОФ, како и меѓународни натпревари и првенства.

Дебатата како едукативен метод и како организирана активност може едноставно да се дефинира како аргументирана и организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни. Членството во дебатен клуб нуди можност за учење како аргументирано и структурирано да се изразувате, да размислувате критички, јавно да говорите, да истражувате и учите за актуелните прашања, да организирате јавни дебати и да учествувате на национални и меѓународни дебатни турнири.

Пријавувањето за членство во дебатен клуб на МОФ се прави со пополнување на формуларот на следниот ЛИНК.