Повик за боење на 400 м2 јавен струшки ѕид на тема: “На градот му треба”

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Општина Струга во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, распишува повик за учесници на настанот: „На градот му треба“. Настанот ќе се спроведе на 18 октомври (сабота) во Струга во соработка со МОФ центарот во овој град и тој има за цел да создаде улична галерија во должина од 160 метри на ѕидот од спортското игралиште „Караорман“ во Струга.

Повик за боење на 400 м2 јавен струшки ѕид на тема: “На градот му треба”

На повикот можат да учествуваат сите заинтересирани млади уметници, графити артисти, визуелни уметници, креативци и активисти од цела Македонија со испраќање на предлог концепт на тема „На градот му треба“. На повикот (МК/АЛБ) може да учествуваат поединци или група на уметници со неограничен број на концепти кои покажуваат што според нив му е потребно на еден град како Струга. Најдобрите 20 уметници или група на уметници ќе имаат можност да ги реализираат своите концепти за што ќе им биде обезбеден материјал за изведба на делото, како и обезбеден превоз и освежување до Струга.

Димензии на целиот ѕид: – 160 метри должина – 2.6 метри висина Максимална дозволена должина на едно ументичко дело е 10 метри.

Пополнете ја апликацијата за учество (МК/АЛБ) и пријавете ги вашите идеи и концепти на petar_antevski@mof.org.mk. Последен рок за пријавување е 8 октомври 2014.  Најдобрите дела ќе бидат избрани од организацискиот тим кој ќе ги разгледува врз основа на креативност, лесно разбирлива идеја и добра интерпретација на темата. Избраните уметници ќе бидат контактирани од организаторот најкасно до 12 октомври 2014.

*Доколку користите текстуална порака во вашето дело потребно е да биде испишана на албански и македонски јазики или пак само на англиски.