Повик на МОФ за истражувачки проекти од областа на високото образование

Младински образовен форум (МОФ)распишува повик за 2 истражувачки проекти од областа на високото образование. Преку овој повик, треба да се овозможи спроведување на истражувања на нови теми кои студентите сметаат дека се релевантни, при што МОФ ќе  обезбеди менторство и поддршка за студентите истражувачи.

УКИМ

Услов кој апликантите мора да го исполнуваат е да се на возраст од 19 до 28 години. Заинтересираните се охрабруваат да аплицираат за секое прашање кое го сметаат дека е значајно и го засега високото образование во Македонија. Истражувањето може да биде изведено со сите техники на истражување кои се во согласност со методолошките правила и принципи.

Истражувањето треба да биде финализирано во времетраење до 2 месец најдоцна до 31.01. 2015. Крајниот рок за доставување на апликацијата е 28.11.2014

Потребни документи за апликација:

– Апликационен формулар (ТУКА)
– CV
– Мотивациско писмо (максимум 300 збора)

При изборот на истражувачките проектот во предвид ќе се земат следниве критериуми:

– Значајност и актуелност на избраната тема
– Квалитет на предложена методологија
– За предност ќе се смета истражувачко искуство на кандидатот

На избраниот кандидат ќе му биде овозможена финансиска поддршка од страна на МОФ, за реализирање на предвидените активности. Апликациите се доставуваат на policy@mof.org.mk. Дополнителни информации може да се побараат и на monika_bozinoska@mof.org.mk.