Повеќе од пропаганда: како авторитарните режими моделираат човечки души во ерата на Фејсбук

За жалење се кутрите пропагандисти! Порано, во 20-тиот век, беше многу полесно да се контролираат умовите и срцата во авторитарните земји. Сите домашни медиуми можеа да бидат контролирани од владина канцеларија. Сите странски медиуми можеа да бидат забранети. Границите беа затворени, а народот не можеше да биде сведок на успесите на ривалските системи. Имавте јасен наратив, со барем теоретски примамлива визија за социјална правда или национална супериорност, доволно силни за да парираат на заведувањето од страна на либералната демократија и капитализмот. Секој кој не се согласуваше можеше да биде изолиран, задушен или притиснат.

Тоа беа среќните денови кои Кинезите ги нарекуваат „умствена работа“- а граѓаните на Советскиот Сојуз ги нарекуваа „инженерство на човечки души“ и до пред некое време се чинеше дека тие никогаш нема да се вратат. Денеска, со смартфоните и лаптоп компјутерите, се чини дека секој човек може да биде свој мал медиумски центар. Границите се поотворени. Западните филмови, автомобилите и интернет пребарувачите се насекаде. Сите режими експериментираат со барем некои верзии на капитализмот, што теоретски значи дека сите имаа нешто заедничко.

Но приказната е многу далеку од едноставна. Неоавторитарните „хибриди“ и нелибералните демократски режими во земји како Венецуела, Турција, Кина, Сирија и Русија се уште користат пропаганда. Тие пронашле сосема нови начини на вршење на пропаганда, со технологии измислени во демократскиот свет. Зашто да се борат против ерата на информации и глобализација, кога можат да ја искористат?

Повеќе од пропаганда: како авторитарните режими моделираат човечки души во ерата на Фејсбук

Техниките често им се прилично суптилни. По извршената анализа за цензура на 1382 кинески веб-страници во текот на првата половина на 2011 година- на вкупно 11.382.211 објави- истражувачите од универзитетот Харвард открија дека пропагандистите всушност толерираат критики за политичарите и политиките, но дека тие веднаш го цензурирале секој обид за онлајн-организација на протести, вклучувајќи ги и оние кои не го критикуваат режимот. Еден голем цензуриран настан, на пример беше настанот кој имаше за цел да ги нагласи стравувањата на Кина за нуклеарната радијација од страна на Јапонија.

Анализата јасно става до знаење дека приоритетот на владите не е да ги сопрат сите критики, туку да го занемарат потенцијалот на општеството за самоорганизирање. „Кинескиот народ е поединечно слободен, но заедно во синџир“- е заклучокот од студијата на Харвард. Всушност, интернетот се покажа како корисна алатка за контрола: таа им овозможува на луѓето да „испуштаат пареа“, а на владата и дава барометар за мерење на јавното мислење.

Изборите исто така можат да служат како авторитарна алатка. Во Венецуела, Хуго Чавез имаше избори толку често што опозицијата, која ги немаше тие средства и пристап до медиумите како него, немаше никаква шанса да се натпреварува. Чавез во просек околу 40 часа неделно се појавуваше во медиумите во ударните часови, вклучувајќи го и неговото реално шоу „Aló Presidente“, кое се емитуваше секоја недела, а времетраењето на емисијата било одредувано од самиот Чавез. Со мешавина на Џеј Лено и Мусолини, шоуто му дозволуваше на Чавез да ги сподели своите ставови за се и сешто, почнувајќи од безбол па се до Џорџ Буш, да одговара на телефонски повици од населението, да ги споделува личните анегдоти, да отпушта министри во живо, да го објавува почетокот на војните или да упадне во песна. Меѓународно познати личности како Наоми Кемпбел, Дени Гловер и Шон Пен се појавуваа  на шоуто позајмувајќи ја својата ѕвездена моќ на брендот на Чавез за „постојана социјалистичка револуција“.

Повеќе од пропаганда: како авторитарните режими моделираат човечки души во ерата на Фејсбук

Во меѓувреме, Чавез и неговиот наследник „фрли цензура во ракавот на невидливата рака“ за да ги замолчи несогласувањата. Наместо да ги затвори критичките медиуми, тој само се потруди тие да пропаднат. Даниел Лансберг – Родригез пишува дека „медиумите се така регулирани за да станат економски неконкурентни: Еден дневен весник, на пример, може да биде одбиен за поволна стапка на размена поради увезување на хартија за печатење, а радиодифузерот може постојано да биде казнуван за лажни обвиненија за клевета или непристојно однесување. Второ, кога бизнисот ќе почне да пропаѓа, лажни корпорации, во анонимна сопственост, мистериозно се појавуваат и се нудат великодушно да ја купат организацијата. Трето, и покрај уверувањето дека уредувачката политика ќе остане иста, новото раководство започнува да се нафрла на персоналот, исто така менувајќи го своето известувањее, се додека пораката не стане иста со ставовите на владејачката партија.

Слична формула се применува и во Турција, каде што Реџеп Таип Ердоган успеа вешто да се интегрира како стар пријател на капитализмот во неговото авторитарно управување со медиумите. Според турскиот коментатор Бериван Оруџоглу, компаниите чии што медиумски бизниси и се симпатични на Владата добиваат убави државни договори во другите сектори. Компаниите чии медиуми се критички настроени кон владата, не ги добиваат владините тендери и стануваат цели на истраги за непријавување данок.

За противниците, оваа нова прораганда може да биде тешка за спротивставување, особено кога контра-наративот станува се повеќе неостварлив. Во 20-от век, демократскиот капитализам на Западот имаше моќен одговор за советскиот тоталитаризам: слободен пазар, слободна култура и слободна политика. Мерцедес, трговско банкарство, рокенрол и парламентот беа поатрактивни од предлогот Лада, петгодишни планови, хорот на Црвената армија и Политбирото. Но денеска неодиктаторите нудат поинаков договор. Можете да имате некаков вид на западен стил, да имате западни коли, реалити шоуа, Наоми Кемпбел, и блу-чип акции кои ги посакувате, иако ја немате политичка слобода на Западот, и се разбира и го презирате  Западот.

Повеќе од пропаганда: како авторитарните режими моделираат човечки души во ерата на Фејсбук

Особено бизарен пример за ова се моторџиите „Ноќни волци“, руските „пеколни ангели“ спонзорирани од Кремљ, кои беа важни при анексијата на Крим. Волците се приклучија на „кул“ јавањата со моторите Харли Дејвидсон и беа домаќини на огромен концерт со германска хеви метал музика. Во исто време, тие се покоруваат на Сталин и на Путин и отворено повикуваат на воскреснување на руската империја. Заедно, на слични линии, Гери Ронзли, професор по јавна дипломатија на универзитетот Аберствит, забележа како кинеските пропагандисти, помалку шарени, но еднакво ликвидни во нивниот пристап кон идеологијата, имале проект за намерно контрадикторни пораки. Денешната кинеска „комунистичка“ партија ги слави Конфучие, како и Културната револуција, но и акциите и уделите на Шангај заедно со маоистичките песни.

Едноставно, индоктринацијата повеќе не е целта. Во една студија од 2014 година, Хаифенг Хуан, асистент професор на Универзитетот на Калифорнија Мерцед, погледна во политичките ставови на 1.250 студенти, на еден од кинеските „клучни национални универзитети“ (со заштитена анонимност, поради безбедноста). Истражувањето на Хуанг покажа дека студентите кои посетувале курсеви по пропаганда не веруваат дека владата е „добра“, но веруваат дека е силна. „Доволно количество пропаганда може да послужи за да се демонстрира силата на режимот во одржувањето општествена контрола и политичкиот поредок”, вели Хуанг. Оваа пропаганда тој ја нарекува „сигнализација“ наместо „индокринација“. Поентата е да заплашите, а не да навредите некого со идеолошка порака.

Повеќе од пропаганда: како авторитарните режими моделираат човечки души во ерата на Фејсбук

Нешто слично на ова функционира и во Сирија. Во нејзиното класично проучување на „Двосмисленоста на Власта“, Лиса Веден се обидува да разбере зошто Сиријци што живееле под власта на Хафез ал-Асад во 1990-те повторувале некои од видно апсурдните тврдења на режимот, на пример, дека Асад на земјата бил „најголем фармацевт.” Веден заклучи дека невистинитоста била поентата: „…моќта на режимот се должи на неговата способност да се наметнат националните фикции и да ги натера луѓето да го кажат и направат она што инаку не би го направиле. Оваа послушност ги прави луѓето соучесници, таа ги врзува во авто-спроведување односи на доминација”.

Според долгогодишниот надгледувач на состојбите во Сирија (и екс-дописник на Фајненшл тајмс ) Абигејл Филдинг Смит, Башар ал -Асад, наследникот на Хафез, сега се обидува да го реконструира овој модел на соучество. Револуцијата против Башар започна во февруари 2011 година, кога тинејџерите насликале слогани за Арапската пролет на ѕид во градот Дераа. Реакција на безбедносните служби – апсење и мачење на тинејџерите – одеше во крајност. Но, тоа беше проследено од  логиката на режимот, која, апсурдно, бара од граѓаните да покажат лажна лојалност. Секое прекршување на кодот станува силно субверзивно.

Денес, официјалната Сириска телевизија продолжува да прикажува неверојатно позитивни стории во врска со прогресот на земјата, иако сите знаат за уништувачката граѓанска војна, дали преку пријатели и роднини на фронтовите или од бројните алтернативни извори на медиуми, сателити, интернет. Но, режимот делува доста незагрижен од овој факт. Во септември 2011, Сириската телевизија проба да го намали значењето на емитувањето за протестите  во Сирија од страна на Ал џазира, со тврдење дека Катар имал изградено реплика од оригинална величина од нивните главни плоштади, во цел да изрежира лажни протести таму, кои тогаш биле наводно снимени од француски, американски и израелски режисери. Целта, според еден сириски новинар, не е да се убедат луѓето дека оваа бизарна сторија е вистинита: „Целта е да се збунат луѓето“ – да им биде тешко да разберат што е вистина, односно што е лага.

Претседателот Асад не е сам во ова. Многу од новите автократи сфатија дека во 21 век, нема потреба од цензура на информациите цело време, а и не можеш да го сториш тоа и да сакаш. Но, можеш да креираш доволно дезинформации, да го намалиш квалитетот на медиумскиот простор и да спречиш луѓето да дознаат за актуелните случувања. Во Турција, Ердоган креираше теории на заговор за Твитер. Кинезите ја имаат т.н „50 центи забава“ – онлајн коментатори се платени по 50 центи за секој прорежимски коментар што ќе го напишат. Кремљ користи „фабрика за тролови“, да пишуваат провладини пораки и да ги напаѓаат критички настроени луѓе во Русија и странство.

Повеќе од пропаганда: како авторитарните режими моделираат човечки души во ерата на Фејсбук

И кој е резултатот? Земете го Балтикот, каде што големите етнички руски малцинства се изложени на радикални различни реалности низ локалните и медиумите на Кремљ. Истражувањето, според Фондацијата за отворена Естонија, покажа дека етничките Руси кои живеат во земјата одбиваат да им веруваат на двете страни и имаат потешкотии во формирањето на сопствено мислење. Ако ништо друго, публиката од балтичка Русија се повеќе е наклонета кон изворите од Кремљ, бидејќи тие се поемотивни и позабавни, нудејќи им фантазии – измислени приказни за руските деца жртвувани од украински милитанти, на пример.  Добиените одговори од фокус-групата од публиката, составена од етнички Руси во Летонија, вели дека вестите на руските ТВ канали се „емотивно атрактивни, бидејќи некои емисии се како да  гледаш возбудлив филм. Не им веруваш, но го гледаш гордо“.

Кога би имало натревар меѓу различните верзии на реалноста, со други зборови, страната која е помалку оптоварена од вистината, би имала повеќе шанси да победи. Но, ако ова е случајот, тогаш целата премиса за либералните медиуми е поткопана. Долго време верувавме дека повеќе информации значеа подобри одлуки и подобра демократија. Ако дезинформациите не преплават, тогаш може да не биде така како што велиме. Ние ги гледаме истите трендови во земјите како САД, каде што различните страни на политичкиот спектар се разделуваат во различни реалности – продуцирајќи дезинформации како што се стории во врска со демократската реформа на здравствениот систем вклучувајќи „панели на смртта“ или како претседателот Обама бил роден надвор од САД.

Денешните автократи, „либералните демократи“ и нивните пропагандисти научија како да ги користат феномените претходно поврзани со демократијата – изборите, интернетот, медиумите, пазарот – за да ја ограничат слободата. Тие научија како да ја спречат слабата сила на либералната демократија со ликвиден третман на идеологија. И тие го прават тоа со користење на технологијата и парите кои доаѓаат од Запад. Додека владите на ЕУ и САД ја демантираат дезинформацијата, агресијата и справувањето со војната на ТВ каналите на Кремљ, пожелно е да се има на ум дека овие мрежи се држат во етер со пари кои потекнуваат од западниот маркетинг.

Овој есеј е адаптиран од првиот од серијата публикации на Legatum Institute’s Transitions Forum за политиката за информации во 21 век.

Извор: Foreign Policy

Превод: Моника Кочовска