Повеќе од 400 студенти од Македонија и странство ќе бидат дел од Информатијада 2014

Информатијада 2014 е петдневен настан, кој ќе трае од 8 до 14 октомври во хотел Десарет, Охрид. На ова дружење на студенти од информатичките факултети од Македонија и регионот, учесниците ќе имаат шанса да ги покажат своите вештини за развој на продукти и работа со иновации.

Повеќе од 400 студенти од Македонија и странство ќе бидат дел од Информатијада 2014

Како што изјавуваат организаторите, на учесниците на Информатијадата ментори ќе им бидат врвни експерти од информатичко-комуникациската технологија. Петдневниот настан ќе се состои од предавања и работилници на познати IT експерти од регонот.

„Освен формалниот дел во областа на предавањата на разни експерти од IT индустријата, студентите ќе можат да ги покажат своите вештини во креирање на софтверски производ, но исто така и да го развијат натпреварувачкиот дух во разни компјутерски, но и спортски натпревари. Ќе бидат организирани и забави за запознавање на учесниците“, велат од организацијата на настанот.

Основната цел на Информатијада е да придонесе кон размената на искуства и контакти помеѓу студентите, но и да отвори нови можности за понатамошна соработка на други проекти на интернационално ниво.
Идејата за одржување на овој информатичко-спортски натпревар е на Студентскиот парламент на ФИНКИ, а задолжени за организација се самите студенти на ФИНКИ, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за информатичко општество и администрација.

Давор Поповски, претседател на Студентскиот парламент на ФИНКИ, изјави дека идејата на настанот е студентите по информатика да се соберат на едно место и да се натпреаруваат во алгоритми, компјутерска мрежа и математика, да работат на проекти зададени од индудтријата, но и да се забавуваат преку спорт и дружење.

Пријавувањето за учество на настанот трае до 1-ви октомври, а сите заинтересирани апликацијата можат да ја најдат на следниот ЛИНК.