Постери од НАСА во ретро стил се достапни на интернет за бесплатно симнување

НАСА објави постери направени во футуристички стил кои го претставуваат вселенскиот туризам. Тие се достапни на интернет и можат бесплатно да се преземаат. Секој од постерите претставува посебна историска вселенска мисија.

Минатата година биле изработени првите пет постери кои се однесуваат на планетите зад соларниот систем. Тие се дел од вкупно 14 постери на кои се прикажани и Марс, Јупитеровата месечина Европа, Сатурновата месечина Енцелад и џуџестата планета Керера.

Постерите се дело на студиото кое постои во рамки на лабораторијата на НАСА, и претставува дизајнерски и стратегиски тим, кој работел со научниците и истражувачите за да ги визуелизираат и прикажат комплексната наука и технолошките теми.