Поставена новогодишна еко-елка во центарот на Тетово

Во центарот на Тетово, кој деновиве заедно со Скопје е најзагаден град во Македонија, тетовци поставија новогодишна елка изработена од стари пластични шишиња. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свеста кај младите, но и кај сите граѓани на Тетово, како и афирмација на младинскиот активизам на локално ниво.

Поставена новогодишна еко-елка во центарот на Тетово

Акцијата е иницирана од членовите на Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово. Изминативе неколку недели членовите на клубот активно учествуваа во собирањето на пластични шишиња, изработка на конструкцијата на елката.

Поставена новогодишна еко-елка во центарот на Тетово

Идејата за поставување на новогодишна еколошка елка уште повеќе дојде до израз по реализацијата на работилницата за „оживување“ на стариот отпад, по што шишињата наместо да завршат по улиците на градот беа искористени за да се направи ова креативно дело на кое граѓаните ќе можат да испишуваат и новогодишните желби

Поставена новогодишна еко-елка во центарот на Тетово

Членовите на клубот беа мошне активни во периодот пред новогодишните празници. Претходно во Тетово организираа настан за делење маски за заштита од загадениот воздух, а пишуваа и пораки со кои бараа да се намали загадувањето во Тетово.

Бобан Костадиновски