После обвиненијата на ЛГБТ заедницата, Јутјуб го промени правилото за содржини со ограничен пристап

Во март, неколкумина популарни ЛГБТК+ Јутјуб влогери ја обвинија платформата дека ја користи алатката за содржина со ограничен пристап (restricted mode), за да ги сокрие некои од нивните видеа.

Сега, откако ветија дека ќе го поправат системот, извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војчицки напиша блог пост, во кој ги објаснува мерките кои компанијата ги презема за да ги направи своите политики поинклузивни.

Работејќи со десетици ЛГБТ волонтери и вработени и одредени ЛГБТ креатори на видеа, Јутјуб одново го напиша и прошири правилникот за ограничената содржина, за да им овозможи на личните профили на индивидуалците кои пателе од дискриминација или насилство да објавуваат содржина, сè додека не содржи непристоен јазик или содржина.

„Restricted Mode“ алатката на Јутјуб, им овозможува на корисниците да ги „филтрираат потенционално објективизирачките содржини“ и била оригинално создадена за да овозможи дека студентите и учениците кои се присутни во јавни институции како библиотеки и училишта не гледаат содржина за возрасни, како порнографија или насилство.

Сепак, правилникот доведе до тоа некои ЛГБТ влогери да го обвинат Јутјуб дека го категоризира нивниот материјал како „несоодветен за семејства“.

категоризира нивниот материјал како „несоодветен за семејства“.

„После темелна истрага, почнавме да правиме неколку подобрувања на алатката“, вели Џоана Рајт, заменик-претседателка на Јутјуб за менаџмент на производи.

„Од инженерската страна, поправивме проблем кој неправилно филтрираше видеа за оваа алатка, а сега 12 милиони дополнителни видеа од сите видови, меѓу кои и стотици илјади со ЛГБТК+ содржина, се достапни во ограничената содржина“.