Порно сајтот Pornhub нуди студентска стипендија од 25.000 долари

Една од водечките светски порнографски веб-страници, Pornhub.com, која има близу 80 милијарди прегледи на видеа годишно, соопшти дека нуди стипендија вредна 25.000 долари, која ќе се додели делумно и врз база на снимка во која апликантите ќе одговараат на прашањето: „Како се трудите да ги направите другите луѓе среќни?“.

„Напорно работиме да усреќиме милиони луѓе секој еден ден. За возврат, сакаме да му помогнеме на добитникот на првата годишна стипендија да ја оствари својата цел и да го направи истото“, стои во соопштението на Pornhub Cares, филантропскиот огранок на порно сајтот.

Феминистичките и здруженијата за борба против сексуалното насилство веднаш го нападнаа овој потег, критикувајќи го како начин да се натераат младите жени кои немаат доволно пари за образование да снимаат сексуално експлицитни видеа.

„Многу млади луѓе не ги сфаќаат последиците и штетата од порнографијата. Овие виде ги следат низ целите нивни животи и ги засегаат нивните работни места и нивните врски во иднина. Навистина е штета што ги тераме нашоте деца да ги продаваат своите тела за да добијат образование“, изјави Dawn Hawkins, извршна директорка на американскиот Национален центар за сексуално искористување.

Порно сајтот Pornhub нуди студентска стипендија од 25.000 долари

Потпретседателот на Pornhub, Corey Price, одговара дека луѓето кои се против порнографијата треба да размислат да се пријават, додавајќи: „Не треба да снимите порно за да ја добиете стипендијата“.

Конкурсот е отворен до 31 октомври за студенти или ученици кои имаат најмалку 18 години и минимален просек на оценки (GPA) од 3.2.

Во изминатата година, Pornhub се истакна со несекојдневни и оригинални маркетинг-кампањи – компанијата распиша конкурс за најдобра SFW (безбедна за работа) реклама во која не се спомнува експлицитно порнографијата, а сајтот е постојано присутен во вестите и во јавноста.