Пораката „Граѓаните ќе ја решат кризата!“ испишана пред резиденцијата на Амбасадорот на САД

Со испишување на пораката „Граѓаните ќе ја решат кризата!“пред резиденцијата на Амбасадорот на САД во РМ, претставници на граѓанскиот сектор порачаа дека мора да бидат вклучени во преговорите за излез од политичката криза, по најавата за нова рунда преговори меѓу партиите.

Пораката со црн спреј беше испишана на улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на Џес Бејли, бидејќи тоа е новата локација каде од Пржино сега се селат преговорите.

Тука свои обраќања имаа Мирјана Најчевска и Петрит Сарачини кои ги дефинираа позициите на 90-те граѓански организации, групи, движења и синдикати, што веќе се доставени до ЕУ, САД, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Тие порачаа дека ако не се исполнат нивните барања протестите ќе продолжат  порадикално, што пак не значи дека ќе бидат насилни.

Вклучувањето на граѓански претставници во преговорите за излез од кризата е едно од барањата на Шарената револуција.