Поради компјутерска грешка го купил доменот на Google за 12 долари

Поранешен вработен во Google го купил доменот на компанијата за само 12 долари, поради компјутерска грешка, но Google веднаш успеа да го врати.

Sanmay Ved тоа го направил преку самите услуги на Google за купување домени. Кога ја внесил адресата, бил изненаден што се уште ја покажувало дека е на располагање. Тој го купил доменот преку својата кредитна картичка и за неколку минути добил потврда на неговиот мејл.

Тоа значи дека сопствеништвото на доменот за кратко му било префрлено, но по една минута добил известување на својот мејл од компанијата дека нарачката е откажана.

Тој немал лоши намери и стапил во контакт со безбедносниот тим на компанијата за да ја пријави грешката во нивниот систем.

Слична кратка адреса може да биде многу скапа. Според Huffington Post, Facebook платил 8.5 милиони долари во 2010 година за fb.com, додека доменот porn.com бил купен за 9.5 милиони долари во 2007 година.