Поради хакиран систем жителите на Сан Франциско цел ден се возеа бесплатно со јавниот превоз

Жителите на Сан Франциско во саботата можеа бесплатно да се возат со градските автобуси и тролејбусите откако компјутерски системи беше мета на хакерски напад.

Компјутерите кој работеа со системот познат како „Муни“ ја покажуваа пораката „Вие сте хакирани, сите податоци се енкриптирани“.

Луѓето кои сакаа да ги надополнат своите картички за превоз можеа да прочитаат „надвор од служба“ и „бесплатен Муни“.  Сепак, уште следното утро, системот проработи и граѓаните мораа да си купат билети.

Овој напад како што информираат градските служби е таков што хакерите целосно го презеле компјутерскиот систем, а корисниците се блокирани од соодветно користење на услугите на јавниот превоз се додека не се испрати доволна количина на пари на напаѓачот.

Според локалните медиуми, проблемите започнале во петокот напладне, но системот целосно паднал во саботата.

Властите се уште не знаат кој е сторителот на овој хакерски напад, иако во тек е истрага.