Полската писателка Олга Лалиќ-Кровицка e лауреат на манифестацијата „Струшки книжевни средби“

Полската писателка со српско потекло Олга Лалиќ-Кровицка ќе биде годинашен лауреат на големата награда „Книжевна далга“, одлучи Советот на манифестацијата „Струшки книжевни средби“.

Наградата „Книжевна далга“ ја доделуваат Здружението „Бран“ и Ревијата „Бранувања“ од Струга, за особени заслуги во афирмацијата на балканските книжевни вредности, како и за личниот придонес во книжевноста.

Наградата „Книжевна далга“ на лауреатот Олга Лалиќ-Кровицка ќе ѝ биде врачена на манифестацијата „Струшки книжевни средби“, која годинава ќе се одржи од 7 до 9 јули.

Досегашни добитници на наградата „Книжевна далга“ се: Мерсиха Исмајлоска, Миљурко Вукадиновиќ (Србија) и Вања Ангелова (Бугарија).

Олга Лалиќ-Кровицка е роденa на 1980 година во Шибеник (Хрватска), а има полско и српско потекло. Дипломирала српско-хрватска книжевност на Катедрата за статистика на Јагелонскиот универзитет во Краков (Полска). Таа е почесен граѓанин на царскиот град Сирмиум (Сремска Митровица, 2014) и лауреат на наградата „Мислител“ за 2014 година. Свои дела објавува во полски и во балкански списанија и антологии.