Поларис С02Е22 – ЕМИСИЈА ПОСВЕТЕНА НА НАУЧНАТА ФАНТАСТИКА, ФАНТАЗИЈАТА И ХОРОРОТ

Во оваа епизода на Поларис истражуваме теми со посебна филозофска и општествена тежина: дали е можно да живееме во општество кое е лишено од убиства благодарение на систем за предвидување на вакви кривични дела? И дали ваквиот систем остава трошка на сомнеж во неговата совршеност?

Ова се само дел од прашањата кои ни ги поставува Малцинскиот извештај на Филип Дик и Стивен Спилберг.